Автомобил бомба пред канцеларијата на гувернерот во турскиот град Адана уби двајца и повреди 16-мина, соопшти гувернерот за државните медиуми.
Турскиот министер за ЕУ, Јомер Челик, преку својот твитер-профил соопшти дека експлозијата пред зградата на гувернерот во Адана е терористички напад.
„Ќе продолжиме со нашата борба против тероризмот во име на човештвото“, напиша Челик.
Според турската државна агенција „Анадолија“, станува збор за самоубиствен напад, извршен од жена. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.