ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ ВО ГРАНАТИРАЊЕТО НА КИЕВ ПРЕД НОВАТА РУНДА МИРОВНИ РАЗГОВОРИ

    ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ ВО ГРАНАТИРАЊЕТО НА КИЕВ ПРЕД НОВАТА РУНДА МИРОВНИ РАЗГОВОРИВо денешниот напад на Киев е погодена деветкатна станбена зграда (Фото: Твитер)

    Две лица загинаа во денешното гранатирање во Киев, каде што мета била и фабрика за авионски делови. Државната служба за вонредни ситуации кажа дека деветкатна станбена зграда се запалила откако била ракетирана.

    „Извлековме две тела од зградата во северозападниот дел на Киев, а три лица се превезени во болница“, кажаа од службата, додавајќи дека биле евакуирани речиси 70 луѓе.

    Утрово била гранатирана и фабриката „Антонов“, која се наоѓа на аеродромот „Свјатошин“, десет километри од центарот на Киев.

    За денеска е најавена нова рунда мировни преговори помеѓу Русија и Украина.

    „Русија почна да разговара поконструктивно. Мислам дека ќе постигнеле некои резултати во наредните денови“, изјави советникот на Зеленски, Михајло Подољак.

    И рускиот преговарач Леонид Слуцки кажа дека има значителен напредок и дека е можно да се постигнат начелни договори во скоро време. Досегашните разговори главно се фокусираа на хуманитарната криза.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира