ДВЕ ДЕЦА ОД ОСУМ И 10 ГОДИНИ УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕ ВО КАТОЛИЧКО УЧИЛИШТЕ ВО МИНЕАПОЛИС

    ДВЕ ДЕЦА ОД ОСУМ И 10 ГОДИНИ УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕ ВО КАТОЛИЧКО УЧИЛИШТЕ ВО МИНЕАПОЛИСВо локалните болници се примени 15 деца и двајца возрасни (Фото: АП)

    Маж облечен во црно уби две деца и рани најмалку 17 луѓе откако пукал за време на миса во католичко училиште во Минеаполис, објавија властите. Убиените деца се на возраст од осум и десет години.

    Напаѓачот во 20-ти години испукал десетици куршуми низ црковните прозорци, по што се самоубил. Властите кажаа дека бил вооружен со автоматска пушка, сачмарка и пиштол.

    Ова беше намерен чин на насилство врз невини деца и други луѓе кои се молеа. Чистата суровост и кукавичлукот на пукање во црква полна со деца се апсолутно несфатливи“, изјави началникот на полицијата на Минеаполис, Брајан О’Хара.

    Во локалните болници се примени 15 деца и двајца возрасни и повеќето имаат прострелни рани. Неколкумина од ранетите се во критична состојба.

    Пукањето се случи два дена по почетокот на новата учебна година во ова приватно основно училиште, што го посетуваат околу 395 ученици.

    Официјални лица рекоа дека напаѓачот немал богато криминално досие. Тие не го открија неговото име, а засега не е познат ни мотивот на пукањето. Полицијата истражува повеќе видеа на интернет за да утврди дали се објавени од напаѓачот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира