ДВЕ ЖЕНИ ЗАГИНАА ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ, А ДВЕ ДЕЦА СЕ ЗАРОБЕНИ ВО УРНАТИНИТЕ ВО ИСКИЈА

    ДВЕ ЖЕНИ ЗАГИНАА ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ, А ДВЕ ДЕЦА СЕ ЗАРОБЕНИ ВО УРНАТИНИТЕ ВО ИСКИЈАТелевизиските снимки покажуваа околу шест згради во малиот град Казамичола, вклучувајќи и една црква целосно уништена од земјотресот во 20.57 во понеделникот.

    Во земјотресот што го погоди италијанскиот остров Искија загинаа две жени, десетици се повредени и две деца останаа заробени во урнатините. Екипажите за ургентни случаи пронајдоа бебенце со име Пасквале живо меѓу урнатините на една од зградите и изјавија дека лоцирани се и неговите двајца браќа, едниот 7, а другиот 11-годишен, кои се скриле под креветот.

    Телевизиските снимки покажуваа околу шест згради во малиот град Казамичола, вклучувајќи и една црква целосно уништена од земјотресот во 20.57 во понеделникот.
    Државниот институт за геофизика и вулканологија на Италија процени дека реалната јачина на земјотресот била 4,3, а не 3,6 како што првично беше соопштено. Црквата била реставрирана по земјотресот во 1883 година, кога голем дел од Казамичола бил уништен. Жителите и туристи на островот на Неапол се решија да го напуштат островот.

    Населениото на Искија брои 63.000, а летно време достигнува дури 200.000. Искија е вулкански остров, еден час далеку од Неапол, највеќе посетуван од туристи од Германија. Германската канцеларка Ангела Меркел честопати таму ги поминува одморите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира