ЕДЕН МЕСЕЦ ОД НАПАДОТ ВРЗ ИЗРАЕЛ, ХАМАС НЕГИРА ДЕКА УБИВАЛ ЦИВИЛИ, А НЕТАНЈАХУ ОДБИВА ПРИМИРЈЕ

    ЕДЕН МЕСЕЦ ОД НАПАДОТ ВРЗ ИЗРАЕЛ, ХАМАС НЕГИРА ДЕКА УБИВАЛ ЦИВИЛИ, А НЕТАНЈАХУ ОДБИВА ПРИМИРЈЕИзраелската војска кажа дека го окружила северниот дел на Газа (Фото: АП)

    Израел денеска одбележува еден месец од бруталниот напад на Хамас, во кој се убиени околу 1.400 луѓе, на што возврати со жестоки бомбардирања на Газа, во кои досега загинаа над 10.000 Палестинци. Во интервју за Би-Би-Си, еден од политичките лидери на Хамас, Муса Абу Марзук, одби да признае дека групата убивала цивили во Израел, туку цел биле само војници и армиски регрути.

    На нашите борци јасно им беше кажано да не убиваат жени, деца и стари луѓе. Во нападот се убиени само војници, резервисти и регрути“, изјави Марзук.

    Премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел би размислил за мали тактички паузи во борбите за да се олесни влегувањето на хуманитарна помош или излегувањето на заложниците од Газа, но уште еднаш ги отфрли повиците за примирје, и покрај силниот меѓународен притисок.

    Израелската војска кажа дека го окружила северниот дел на Газа и дека зазела воен комплекс на Хамас, при што се подготвува да ги нападне милитантите кои се кријат во огромната мрежа подземни тунели.

    И Израел и Хамас ги отфрлуваат повиците за прекин на борбите: Израел вели дека прво треба да се ослободат заложниците, а Хамас дека нема да ги ослободи, ниту да престане да се бори додека Газа се напаѓа.

    Нетанјаху кажа дека Израел едно време би можел да управува со Газа по завршувањето на војната, иако Џо Бајден претходно му сугерираше дека би била грешка ако Израел ја окупира енклавата.

    Мислам дека Израел на неодреден период ќе ја има севкупната безбедносна одговорност бидејќи видовме што се случува кога ја нема. Кога ја немаме таа безбедносна одговорност, имаме ерупција од терор на Хамас“, изјави Нетанјаху.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира