ЕДЕН ОД НАЈПОЗНАТИТЕ ХАКЕРИ НА СВЕТОТ Е НОВИОТ ШЕФ НА БЕЗБЕДНОСТ ВО ТВИТЕР

    ЕДЕН ОД НАЈПОЗНАТИТЕ ХАКЕРИ НА СВЕТОТ Е НОВИОТ ШЕФ НА БЕЗБЕДНОСТ ВО ТВИТЕРТвитер во јули беше цел на најголемиот хакерски напад во својата историја (Фото: Гети)

    Откако се соочи со сериозни безбедосни пробиви и со закани за засилено регулирање, Твитер го назначи еден од најпознатите хакери на светот за нов шеф на безбедност.

    Питер Затко, попознат по своето хакерско име Маџ, ќе има широки овластувања на новата позиција и ќе може да предлага промени и во структурата и во практиките. Тој ќе му одговара директно на извршниот директор Џек Дорси и се очекува да го преземе управувањето со клучните безбедносни функции во наредните 60 дена.

    Ќе се грижам за безбедноста на информациите, интегритетот на сајтот и платформата, физичката сигурност и за инженерскиот дел“, кажа 49-годишниот Затко.

    Тој ја почнал својата кариера во 1990-ите, кога беше еден од водачите на хакерската група Култот на мртвата крава, а подоцна работел за „Гугл“.

    Во јули, Твитер беше цел на голем хакерски напад, кога беше упаднато во профилите на некои од највлијателните луѓе на светот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира