ЕДЕН ТЕРОРИСТ Е УБИЕН, ДРУГ Е ВО БЕГСТВО, КАЖА АВСТРИСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ ЗА НАПАДОТ СО ЗАГИНАТИ ВО ВИЕНА

    ЕДЕН ТЕРОРИСТ Е УБИЕН, ДРУГ Е ВО БЕГСТВО, КАЖА АВСТРИСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ ЗА НАПАДОТ СО ЗАГИНАТИ ВО ВИЕНАЦентарот на Виена е затворен, а австриската полиција апелираше до граѓаните да ги избегнуваат сите простори на отворено и јавниот превоз. (Фото: АПА)

    Сè уште е во тек терористичкиот напад во Виена во кој веќе настрадаа неколку луѓе, кажа австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер. Тој откри дека еден од напаѓачите е убиен, а друг е во бегство.

    Центарот на Виена е затворен, а австриската полиција апелираше до граѓаните да ги избегнуваат сите простори на отворено и јавниот превоз. Исто така, полицијата побара од граѓаните да не објавуваат видеа и фотографии од полициската операција за да не ги загрозат животите на полицајците.

    Од полицијата велат дека точните околности на нападот сè Уште се утврдуваат. Австриската јавна телевизија ОРФ, цитирајќи очевидци, објави дека пукањата почнале кусо по 20 часот. „Куриер“, пак, неофицијално објави дека има седум загинати во нападот, од кои еден полицаец.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира