ЕДЕН ЗАГИНАТ ВО ГОЛЕМИОТ ШУМСКИ ПОЖАР ВО ТУРСКОТО ОДМОРАЛИШТЕ МАРМАРИС

    ЕДЕН ЗАГИНАТ ВО ГОЛЕМИОТ ШУМСКИ ПОЖАР ВО ТУРСКОТО ОДМОРАЛИШТЕ МАРМАРИСВо гаснењето учествуваат и десет хеликоптери (Фото: Хуријет)

    Едно лице загина, а еден полицаец е повреден во големиот шумски пожар во близина на популарното турско одморалиште Мармарис, додека властите ги засилуваат напорите да го стават огнот под контрола.

    Причината за пожарот засега не е позната, а гувернерот на југозападната провинција Мугла, Орхан Тавл, кажа дека силен ветер го отежнува гаснењето.

    „Нашите екипи се борат со огнот во зависност од насоката на ветерот. Помош пристигнува од соседните провинции и области“, изјави Тавл.

    Во гаснењето учествуваат и десет хеликоптери. Властите кажаа дека загинатиот бил вработен во националната дирекција за шуми.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира