Две вооружени лица, кои земаа заложници во црква близу Руен во северна Франција, се убиени, а загина и еден од заложниците, соопшти француското министерство за внатрешни работи.
Напаѓачите, кои беа брзо неутрализирани од полицијата, држеле меѓу четири и шест заложници во црква во Сен-Етјен-ду-Ровре, вклучувајќи го свештеникот и две калуѓерки.
Според „Ле Фигаро“, загинатиот е свештеникот, кому напаѓачите му го пресекле грлото.