ЕДИ РАМА ВЕЛИ ДЕКА ЗЕТОТ НА ТРАМП ЌЕ НАПРАВИ БИСЕР НА МЕДИТЕРАНОТ ОД АЛБАНСКИОТ ОСТРОВ САЗАН

    ЕДИ РАМА ВЕЛИ ДЕКА ЗЕТОТ НА ТРАМП ЌЕ НАПРАВИ БИСЕР НА МЕДИТЕРАНОТ ОД АЛБАНСКИОТ ОСТРОВ САЗАНАлбанскиот премиер Еди Рама на самит на Отворен Балкан во Охрид. (Фото: СДК.МК)

    Албанскиот премиер Еди Рама вели дека инвестицијата на Џеред Кушнер, зет за ќерка на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, ќе направи „бисер на туризмот на Медитеранот“ од островот Сазан. Во петокот, Кушнер кажа дека планира да инвестира во Албанија и Србија и објави фотографии од проектите.

    На собир на Социјалистичката партија, Рама кажа дека оние кои зборуваат за уништување на заштитени подрачја лажат, бидејќи, како што рече тој, Сазан никогаш не бил заштитено подрачје, освен за војниците на Енвер Хоџа.

    „Зетот на поранешниот претседател Доналд Трамп најави иницијатива за инвестирање во Албанија. И оние кои до вчера ни кажуваа дека Црна Гора и Македонија се недостижни примери за директни инвестиции, денеска зборуваат за опасност што го загрозува Сазан да се претвори во бисер на туризмот на Медитеранот. Тие се хистерични околу опасноста од уништување на замислен национален парк, заштитено подрачје што никогаш не било заштитено, освен за војниците на Енвер Хоџа“, кажа Рама.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира