НАЈДЕНИ 9 ТЕЛА ОД 11-ТЕ ЛИЦА ИСЧЕЗНАТИ ВО ПОЖАР ВО ОДМОРАЛИШТЕ ЗА МЛАДИНЦИ СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ВО ФРАНЦИЈА

    НАЈДЕНИ 9 ТЕЛА ОД 11-ТЕ ЛИЦА ИСЧЕЗНАТИ ВО ПОЖАР ВО ОДМОРАЛИШТЕ ЗА МЛАДИНЦИ СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ВО ФРАНЦИЈАТројца од луѓето кои биле внатре во зградата кога избувнал пожарот уште не се пронајдени. (Фото: Гети)

    Најдени се 9 тела од единаесет лица кои се водат за исчезнати по пожар во одморалиште во кое се сместени лица со пречки во учењето во Франција. Речиси 80 пожарникари беа испратени во пожарот во Ла Форж откако службите за итни случаи беа алармирани утринава во 06:30ч. 11-те исчезнати лица се сметаат за „потенцијално починати“, изјавија од локалната власт.

    Пожарот избувнал на имот што го користи добротворна организација која им помага на младите со посебни потреби. Најмалку едно лице е пренесено во болница, откако 17 биле евакуирани. Луѓето кои биле внатре во зградата кога избувнал пожарот не се пронајдени.

    Потврдувајќи дека спасувачката операција е во тек, министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин рече дека најверојатно има неколку жртви од пожарот во градот кој се наоѓа во близина на Винтценхајм, блиску до германската граница. Во соопштението, локалната влада за регионот Горна Рајна рече дека 11-те исчезнати лица биле дел од група од Нанси, исто така во источна Франција. Четири противпожарни возила и 76 пожарникари беа испратени да го изгаснат пожарот, кои брзо го ставија под контрола и покрај јачината на огнот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира