ЕДНА ТРЕТИНА ОД ПАКИСТАН Е ПОД ВОДА ПО НАЈГОЛЕМИТЕ ПОПЛАВИ, ДОСЕГА ЗАГИНАА НАД 1.130 ЛУЃЕ

    ЕДНА ТРЕТИНА ОД ПАКИСТАН Е ПОД ВОДА ПО НАЈГОЛЕМИТЕ ПОПЛАВИ, ДОСЕГА ЗАГИНАА НАД 1.130 ЛУЃЕПакистан го погодија најсилните летни дождови во последните десетина години (Фото: АП)

    Една третина од Пакистан е целосно потопен како последица на најголемите поплави во историјата на земјата, изјави министерката за клима Шери Рехман. Силните поплави уништија патишта, мостови, домови и земјоделски површини, а од почетокот на сезоната на монсуни во јуни загинале најмалку 1.136 луѓе.

    Сè е еден голем океан, нема суво земјиште за испумпување на водата“, изјави Рехман.

    Пакистан, кој е петта најнаселена држава на светот, го погодија најсилните летни дождови во последните десетина години и владата обвини дека тоа е резултат на климатските промени.

    Буквално, една третина од Пакистан моментално е под вода, што ги надмина сите граници и норми видени во минатото. Никогаш не сме виделе вакво нешто“, вели Рехман.

    Официјални лица кажаа дека само во последните 24 часа загинале 75 луѓе, при што се очекува трагичниот биланс да расте. Премиерот Билавал Буто-Зардари изјави дека една третина од загинатите во поплавите се деца.

    Се проценува дека 33 милиони Пакистанци се погодени од поплавите, кои се споредуваат со оние од 2010, кога загинаа повеќе од 2.000 луѓе.

    Раните проценки велат дека штетите од поплавите се поголеми од 10 милијарди долари“, кажа министерот за планирање, Асан Икбал.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира