ЕГИПЕТ ГО ОТВОРИ ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН РАФА, ПРВПАТ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ВОЈНАТА ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ИЗЛЕЗЕ ОД ГАЗА

    ЕГИПЕТ ГО ОТВОРИ ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН РАФА, ПРВПАТ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ВОЈНАТА ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ИЗЛЕЗЕ ОД ГАЗААмбулантни возила чекаат на египетската страна од преминот (Фото: Гети)

    Граничниот премин Рафа меѓу Египет и Газа денеска се отвори за првпат од почетокот на бруталниот конфликт, за да се овозможи евакуација на десетици ранети Палестинци и стотици луѓе со странски пасоши. Известувачите од Рафа велат дека на помалку од 100 ранети Палестинци денеска ќе им биде дозволено да преминат во Египет, како и на помалку од 550 лица со двојно државјанство.

    Снимките од Рафа покажуваат луѓе и автомобили како чекаат да се отвори граничниот премин, како и амбулантни возила на египетската страна.

    Отворањето на преминот, единствениот кој не е под целосна контрола на Израел, беше договорено во преговорите помеѓу Израел. Хамас и Египет, со посредништво на САД и Катар. Преку истиот граничен премин влегуваат и камионите со хуманитарна помош за Газа.

    Засега нема информации колку долго преминот ќе биде отворен. Граничните власти на Газа потврдија дека Египет се согласил да прими 81 тешко ранет Палестинец. Монтажна болница со големина од 1.300 квадратни метри ќе биде поставена во град оддалечен 15 километри од Рафа.

    Израел воведе целосна опсада на Газа кога ја почна војната со Хамас, па на никого не му беше дозволено да ја напушти енклавата, со исклучок на четирите ослободени заложнички. Странските влади велат дека во Газа има државјани на 44 земји и работат 28 меѓународни агенции и организации.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира