ЕГИПЕТ ТАЈНО ПЛАНИРАЛ ДА Ѝ ИСПРАТИ 40.000 РАКЕТИ НА РУСИЈА, СТОИ ВО ПРОТЕЧЕНИТЕ ДОКУМЕНТИ НА ПЕНТАГОН

    ЕГИПЕТ ТАЈНО ПЛАНИРАЛ ДА Ѝ ИСПРАТИ 40.000 РАКЕТИ НА РУСИЈА, СТОИ ВО ПРОТЕЧЕНИТЕ ДОКУМЕНТИ НА ПЕНТАГОНПутин со египетскиот претседател Ел-Сиси (Фото: АП)

    Египет, кој важи за голем сојузник на САД, од кои прима воена и економска помош, се подготвувал тајно да ѝ испорача илјадници ракети на Русија за потребите на војната во Украина, стои во протечените американски разузнавачки документи, објави „Вашингтон пост“.

    Документ од 7 февруари опишува разговор помеѓу египетскиот претседател Ел-Сиси и високи претставници на египетската војска за производство на 40.000 проектили за Русија, како и за обезбедување гранати и муниција. Ел-Сиси притоа ја нагласува важноста планот да остане таен „со цел да се избегнат проблеми со западот“.

    Според египетските функционери, снабдувањето на Русија со оружје било „најмалку што Египет можел да направи за да ѝ врати за неодредена помош во минатото“, стои во документите.

    Последното протекување на стотици доверливи документи на министерството за одбрана на САД, од кои доста се однесуваат на војната во Украина, претставува сериозен ризик за американската национална безбедност, објави Пентагон, кој и натаму се обидува да го утврди изворот на протекувањето. Документите исто така откриваат срамни докази дека САД шпионирале и свои блиски сојузници, како Украина, Јужна Кореја и Израел.

    Пентагон кажа дека ја анализира автентичноста на фотографираните документи, кои „се чини дека содржат чувствителни и високо доверливи материјали“. Овие документи првпат се појавија на интернет пред неколку недели, но „Њујорк тајмс“ прв извести за нивното постоење во петокот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира