ЕКИПАЖОТ НА „АРТЕМИС“ НОЌВА ЌЕ ГО ИЗГУБИ КОНТАКТОТ СО ЗЕМЈАТА НА 40 МИНУТИ

    ЕКИПАЖОТ НА „АРТЕМИС“ НОЌВА ЌЕ ГО ИЗГУБИ КОНТАКТОТ СО ЗЕМЈАТА НА 40 МИНУТИЧленката на мисијата Кристина Кох гледа кон Земјата од капсулата „Орион“ (Фото: АП)

    Никој не отишол подалеку од дома од астронаутите на мисијата „Артемис 2“. Но, додека се оддалечуваат од Земјата, тие одржуваат постојан контакт со контролата на мисијата во Хјустон. Оваа врска ноќва за момент ќе исчезне.

    Додека астронаутите ќе минуваат зад Месечината во околу 00:47 часот по средноевропско време, радио и ласерските сигнали, што овозможуваат комуникација помеѓу вселенското летало и Земјата, ќе бидат блокирани од самата Месечина. Околу 40 минути, четворицата астронаути ќе бидат сами, секој со свои мисли и чувства, патувајќи низ темнината на вселената.

    Пилотот на „Артемис“, Виктор Гловер, рече дека се надева оти светот ќе го искористи ова време за да се обедини.

    „Кога ќе бидеме зад Месечината, без контакт со сите, да го искористиме тоа како можност. Помолете се и испратете добри мисли и чувства“, изјави тој за „Би-Би-Си њуз“ пред стартот на мисијата.

    Артемис“ влезе во „сферата на влијание“ на Месечината, каде што нејзината гравитација има посилна привлечност врз вселенското летало отколку онаа на Земјата. Екипажот ја направи транзицијата четири дена, шест часа и две минути по почетокот на мисијата, кога беше на околу 62.800 километри од Месечината и 373.400 километри од Земјата. Следната клучна пресвртница ќе биде патувањето до другата страна на Месечината, навлегувајќи подлабоко во вселената од кој било човек досега.

    За време на прелетот, кој ќе трае околу шест часа, екипажот ќе може да го набљудува небесното тело со голо око, заедно со камерите што ги има на бродот. Патувањето ветува погледи на далечната страна на Месечината кои биле премногу темни или тешки за гледање за 24-цата астронаути на „Аполо“.

    Важно е да се запомни дека не знаеме што точно ќе видат“, изјави Келси Јанг, водечкиот научник на мисијата „Артемис 2“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира