Русија изведе голем напад врз Киев со дронови и проектили, што предизвика пожари во речиси сите градски окрузи, изјави градоначалникот Витали Кличко. Повредени се најмалку 11 луѓе, од кои еден е во сериозна состојба, додаде тој.
Официјални лица кажаа дека остатоци од дронови и пожари оштетија станбени висококатници, училиште, медицинска установи и административни згради. Кличко кажа дека е оштетен и градскиот систем на греење, додавајќи дека би можело да има нарушувања и во снабдувањето со струја и вода.
„Русите погодија станбени згради. Има многу оштетени згради, во речиси сите окрузи“, кажа шефот на воената управа на Киев, Тимур Ткаченко.
Украинските воздушни сили објавија дека имало воздушни напади и во други региони на земјата.



