Експлозија на гас предизвика пожар во лабораторија во Русија, која е домаќин на вируси од сипаници до ебола, објавија властите. Тие додаваат дека експлозијата се случила во просторија која не содржи никакви биоопасни супстанци и притоа немало оштетувања на зградата.
До експлозија дошло за време на поправките во една од собите на петтиот спрат на Државниот истражувачки центар за вирологија и биотехнологија (Вектор) во Колцово во регионот на Новосибирск. Во овој објект се складирани биолошките оружја што биле истражувани во советската ера и денес е еден од главните руски центри за истражување на болести.
Властите кажаа дека еден работник претрпил изгореници од трет степен и дека пожарот зафатил површина од 30 квадратни метри.
Вирусот на сипаници денес е преживеан на само две места на Земјата: во Вектор и во Американскиот центар за контрола на болести во Атланта.