ЕКСПРЕМИЕРОТ БОРИС ЏОНСОН ЌЕ БИДЕ ТВ ВОДИТЕЛ

    ЕКСПРЕМИЕРОТ БОРИС ЏОНСОН ЌЕ БИДЕ ТВ ВОДИТЕЛЏонсон ќе работи за „ГБ њуз“ како водител, креатор на програма и коментатор. (Фото: Шатресток)

    Поранешниот британски премиер Борис Џонсон се приклучи на ТВ каналот „ГБ њуз“. Џонсон, кој годинава се повлече од функцијата пратеник, ќе работи за каналот за вести како водител, креатор на програма и коментатор.

    Тој ќе „игра клучна улога“ во покривањето на изборите во Обединетото Кралство и САД следната година и ќе го води серијалот што ќе ја „прикаже моќта на Британија низ целиот свет“, соопшти телевизијата.

    Тој вети дека ќе ги сподели своите „ненакитени ставови“ за низа теми. Џонсон, кој пишува и колумна за „Дејли мејл“, ќе започне со емисијата во 2024. Тој е последниот конзервативен политичар кој му се придружи на радиодифузерот, по поранешниот секретар за бизнис Џејкоб Рис-Мог, заменик-претседателот на партијата Ли Андерсон и брачната двојка пратеници Естер Меквеј и Филип Дејвис.

    Во видеото објавено на X, поранешен Твитер, Џонсон рече: „Ќе му ги дадам на овој извонреден нов ТВ канал моите ненакитени ставови за сè, од Русија, Кина, војната во Украина, како се справуваме со сите тие предизвици”. Во изјавата, тој додаде: „Ќе зборувам за огромните можности за глобална Британија – како и за предизвиците – и зошто нашите најдобри денови допрва доаѓаат“.

    Џонсон поднесе оставка како премиер во 2022, по масовниот бунт на министрите поради неговото раководство. Летово, тој се повлече од функцијата пратеник за Аксбриџ и Саут Руислип во знак на протест откако Комисијата за привилегии на Парламентот утврди дека намерно го довел Долниот дом во заблуда поради прекршувањата на ковид протоколите во Даунинг стрит за време на карантинот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира