Поранешниот градоначалник на Манчестер, Енди Бернам, денеска стана нов премиер на Велика Британија, откако минатата недела го наследи Кир Стармер како лидер на владејачката Лабуристичка партија. Бернам наскоро ќе почне да го именува својот тим.
Тој е седми премиер на Велика Британија во изминатата деценија, а доаѓа во време кога Лабуристичката партија се обидува да го надомести заостатокот во анкетите во однос на популистот Најџел Фараж.
Стармер, кој беше соборен од Лабуристите, и покрај тоа што освоија убедливо мнозинство на изборите пред само две години, одржа проштален говор, пред да се упати во Бакингамската палата, каде што формално му ја предаде својата оставка на кралот Чарлс.
Откако го доби мандатот од кралот, Бернам се врати во премиерската резиденција, каде што ќе ги изложи своите приоритети. Тие досега се фокусираа на децентрализација на моќта, справување со високите трошоци за живот и внесување „надеж“ во земјата



