„Енвидија“ претстави нов чип за персонални компјутери, навлегувајќи во потрошувачкиот пазар за уреди интегрирани со технологијата за вештачка интелигенција.
„Ова повторно осмислување на компјутерот е голема работа исто како повторното осмислување на телефонот во она што сега го знаеме како смартфон“, рече извршниот директор на „Енвидија“, Џенсен Хванг, претставувајќи го чипот „RTX Spark“.
Чипот ќе биде вклучен во новата линија на „Виндоус“ компјутери произведени од „Леново“, „ХП“, „Дел“, „Мајкрософт сурфејс“, „Асус“ и „МСИ“. Тие треба да бидат достапни од есен.
„‘RTX Spark‘ е нов суперчип за ерата на лични уреди со вештачка интелигенција, нудејќи нова класа на компјутери, што се претвораат од алатка во соиграч“, соопшти „Енвидија“.



