ЕПИДЕМИОЛОГОТ КОЈ ГО СОВЕТУВАШЕ БОРИС ЏОНСОН ДА ЈА СТАВИ ЦЕЛА БРИТАНИЈА ВО КАРАНТИН ФАТЕН КАКО СЕ ГЛЕДА СО ЉУБОВНИЦАТА ВО ИЗОЛАЦИЈА

    ЕПИДЕМИОЛОГОТ КОЈ ГО СОВЕТУВАШЕ БОРИС ЏОНСОН ДА ЈА СТАВИ ЦЕЛА БРИТАНИЈА ВО КАРАНТИН ФАТЕН КАКО СЕ ГЛЕДА СО ЉУБОВНИЦАТА ВО ИЗОЛАЦИЈАНил Фергусон најмалку двапати бил посетен од љубовницата со што ги прекршиле рестриктивните мерки. (Фото: Фејсбук)

    Еден од водечките британски епидемиолози поднесе оставка од советничката позиција во владата откако весникот „Телеграф“ откри дека тој ги прекршил мерките на карантин така што ѝ дозволувал на љубовницата да го посетува во неговиот дом.

    Како член на Научната советничка група за вонредни состојби, Нил Фергусон, кој е професор на Империјалниот колеџ во Лондон, беше еден од архитектите на стратегијата на британската влада да се седи дома.

    „Телеграф“ објави дека жена опишана како негова љубовница најмалку двапати го посетила 51-годишниот Фергусон во неговиот дом во Лондон, при што ги прекршиле рестриктивните мерки, што тој помогнал да се донесат.

    Останав без зборови од ова неверојатно откритие. Фергусон постапи исправно што се повлече. Правилата за социјално дистанцирање важат за сите и тие се многу важни и смртно сериозни“, изјави министерот за здравство Мет Хенкок.

    Фергусон имаше клучна улога во убедувањето на премиерот Борис Џонсон милиони луѓе да се стават во карантин, поради што доби прекар Професорот Карантин. Тој процени дека во Велика Британија може да има 500.000 мртви од КОВИД-19 ако не се спроведе масовна самоизолација. 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира