„ЕРБАС“ ЌЕ ГО ЗГАСНЕ ПРОИЗВОДСТВОТО НА А380 АКО ПРОПАДНЕ ЗДЕЛКАТА СО „ЕМИРАТИ“

    „ЕРБАС“ ЌЕ ГО ЗГАСНЕ ПРОИЗВОДСТВОТО НА А380 АКО ПРОПАДНЕ ЗДЕЛКАТА СО „ЕМИРАТИ“Во развојот на А380, кој може да превезе околу 500 патници, биле потрошени 11 милијарди евра. Ако „Емирати“ не го продолжи договорот доведен во опасност е еден од најпрепознатливите меѓународни симболи на Европа (Фото: Ројтерс)

    „Ербас“ подготвува план ако биде принуден да го прекине производството на најголемиот млазен авион на светот, „А380 суперџамбо“, во случај да биде откажана клучната нарачка од Дубаи.

    Бавно продаваниот авион се соочува со момент на вистината по десет години служба, со што е доведен во опасност еден од најпрепознатливите меѓународни симболи на Европа, иако минатиот месец имаше значајни инвестиции во развојот на неговата кабина.

    „Ако пропадне договорот со компанијата ‘Емирати‘, ‘Ербас‘ ќе го почне процесот на крајот на производството на А380. Ваквиот потег е логичен по слабата побарувачка“, изјави извор упатен во ситуацијата.

    „Ербас“ и „Емирати“ одбија да коментираат, при што не е познато ни колку луѓе работат на проектот.

    Секое згаснување би било постепено, со што „Ербас“ би имал можност да ги доврши останатите нарачки, главно од „Емирати“.

    Во развојот на А380, кој може да превезе околу 500 патници, биле потрошени 11 милијарди евра и тој требаше да му биде конкуренција на американскиот „боинг 747“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира