„ЕМИРАТИ“ НЕПРИЈАТНО ГО ИЗНЕНАДИЈА ЕРБАС СО НАРАЧКА НА 40 БОИНЗИ НА САЕМОТ ЗА АВИОНИ ВО ДУБАИ

    „ЕМИРАТИ“ НЕПРИЈАТНО ГО ИЗНЕНАДИЈА ЕРБАС СО НАРАЧКА НА 40 БОИНЗИ НА САЕМОТ ЗА АВИОНИ ВО ДУБАИАвио саемот во Дубаи започна со бомбастичниот договор помеѓу арапската државна авиокомпанија и американскиот производител Боинг (Фото: АП)

    Авиокомпанијата Емирати нарача 40 американски авиони од типот „боинг 787-10, дримлајнер“ на самиот почеток на авиосаемот во Дубаи што се одржува секоја втора година. Зделката се проценува на 15 милијарди долари.

    Нарачката дојде како непријатно изненадување за европскиот ривал Ербас, чии претставници беа присутни на прес конференцијата на Боинг и ја напуштија салата неколку минути пред официјалната најава за договорот меѓу Емирати и американскиот производител на авиони.

    Гости излегуваат од ербас „А380“со ликот на починат шеик на првиот ден од авио саемот во Дубаи кој се одржува секоја втора година (Фото: АП)

    Ербас имаше големи надежи дека производството на најголемиот авион на светот „А380“ ќе биде обезбедено токму од „Емирати“ кои овој месец го купија 100-тиот авион од овој тип. Пред авио саемот во Дубаи имаше информации дека „Емирати“ ќе продолжат со купување на европскиот двокатен летачки џин, но и на помалата верзија „А350“.

    Но, наместо  тоа, главниот извршен директор на Емирати, шеикот Саед Ал Мактум објави дека иако ја разгледувале можноста за купување ербаси, тие се одлучиле да го изберат боинг.

    „Направивме споредба на две јаболка и дојдовме до заклучок дека „боинг 787„ е најдобра опција за нас поради трошоците за одржување“, рече Ал Мактум.

    Ова е втор пат Ербас да губи во битката со Боинг кај државната компанија на Обединети Арапски Емирати. Во јуни 2014 година, државната компанија Емирати ја откажа нарачката за 70 „А350“-ки откако ја “ревидирале флотата“.

    Еден авион од типот „боинг 787-10“ чини безмалку 313 милиони долари. Испораката ќе започне во 2022 година.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира