ЕРДОГАН Ѝ ВЕТИ НА МЕЛОНИ ДЕКА ЌЕ ЈА УБЕДИ ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД ПУШЕЊЕТО

    ЕРДОГАН Ѝ ВЕТИ НА МЕЛОНИ ДЕКА ЌЕ ЈА УБЕДИ ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД ПУШЕЊЕТОЕрдоган и Мелони се сретнаа на мировниот самит за Газа во Египет (Фото: Гети)

    Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган има нова мета во својата кампања против пушењето: италијанската премиерка Џорџа Мелони.

    На маргините на мировниот самит за Газа во Египет, Ердоган ѝ ветил на Мелони дека ќе најде начин да ја убеди да се откаже од цигарите.

    Изгледате одлично, но мора да престанете да пушите“, ѝ рекол Ердоган на Мелони, пренесоа италијанските медиуми.

    Францускиот претседател Емануел Макрон, кој стоел до нив, се уфрлил во муабетот, велејќи дека „тоа е невозможно“.

    Знам, знам, но се плашам дека ако се откажам од пушењето, ќе станам помалку дружељубива. Не сакам да убијам некого“, рекла Мелони.

    Во книга заснована врз серија интервјуа, Мелони призна дека повторно почнала да пуши откако апстинирала 13 години. Таа исто така кажа дека пушењето ѝ помогнало подобро да се поврзе со некои политичари, како тунискиот претседател Каис Саед.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира