ЕУ МОРА ДА ЈА ФИНАНСИРА УКРАИНА ЗА ДА СЕ ЗАШТИТИ СЕБЕСИ, ВЕЛИ ФОН ДЕР ЛАЈЕН

    ЕУ МОРА ДА ЈА ФИНАНСИРА УКРАИНА ЗА ДА СЕ ЗАШТИТИ СЕБЕСИ, ВЕЛИ ФОН ДЕР ЛАЈЕНФон дер Лајен вели дека Европа мора да биде одговорна за сопствената безбедност (Фото: АП)

    Европските лидери мора да постигнат договор за финансирање на Украина оваа недела, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред утрешниот самит.

    „Предложив две различни опции за претстојниот Европски совет. Една базирана на руските средства и една базирана на задолжување од ЕУ. И ќе мора да одлучиме кој пат сакаме да го избереме. Но, едно е многу, многу јасно. Мора да донесеме одлука да ја финансираме Украина во следните две години“, кажа Фон дер Лајен.

    Нагласувајќи ја потребата од посилни европски одбранбени капацитети, таа додаде:

    „Европа мора да биде одговорна за сопствената безбедност. Ова повеќе не е опција, ова е задолжително. Треба да бидеме подготвени. Нема поважен чин за европска одбрана од поддршката на Украина. Следните денови ќе бидат клучни за обезбедување на ова“, рече Фон дер Лајен.

    Утрешниот самит е клучен и за Европа и за Украина и треба да го реши нерешеното прашање дали да ѝ се даде на Украина пристап до замрзнатите руски милијарди за финансирање на нејзините цивилни и воени потреби. Белгија, каде што се чува поголемиот дел од тие средства, се спротивставува на нивното користење, стравувајќи од тужби од Русија.

    Фон дер Лајен рече дека поголемиот дел од парите што ѝ се потребни на Украина мора да дојде од Европа.

    „ММФ и нашите проценки покажуваат дека на Украина ѝ требаат околу 137 милијарди евра за 2026 и 2027. Европа треба да покрие две третини, односно 90 милијарди евра“, кажа таа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира