ЕВАКУИРАНИ ДЕСЕТИЦИ УЧИЛИШТА ВО ХРВАТСКА ПОРАДИ ИСЛАМИСТИЧКИ ЗАКАНИ ЗА ПОДМЕТНАТА БОМБА

    ЕВАКУИРАНИ ДЕСЕТИЦИ УЧИЛИШТА ВО ХРВАТСКА ПОРАДИ ИСЛАМИСТИЧКИ ЗАКАНИ ЗА ПОДМЕТНАТА БОМБАХрватските медиуми велат дека сите пораки биле испратени од иста адреса, со сервер во Африка (Фото: Пиксел)

    Десетици училишта во Хрватска утрово добија наредба за евакуација поради дојави за подметнати бомби. Дојавите стигнале во училишта во Загреб, Сплит, Задар, Чаковец, Пожега, Копривница и други градови.

    „Воспитно-образовни установи на подрачјето на Загреб ноќеска примија е-пошта за можно поставени експлозивни направи. Полициски службеници се испратени на тие локации и во тек се проверки на вистинитоста на тврдењата“, соопшти полицијата.

    Во мејловите што ги примиле школите се спомнува зборот Алах и „кревање на школите во воздух“, објавија хрватските медиуми, додавајќи дека сите пораки биле испратени од иста адреса, со сервер во Африка.

    Само во Загреб имало 16 дојави, при што во неколку од нив веќе било утврдено дека се лажни. Властите на Загреб објавија дека наставата во школите е во прекин и дека сите ученици се на безбедно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира