ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЈА ОДБИВА МОЖНОСТА ПОВТОРНО ДА СЕ ПРЕГОВАРА ЗА БРЕГЗИТ

    ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЈА ОДБИВА МОЖНОСТА ПОВТОРНО ДА СЕ ПРЕГОВАРА ЗА БРЕГЗИТГлавниот европски преговарач Мишел Барние е дециден дека актуелниот бекстоп останува интегрален дел од договорот за повлекување на Велика Британија

    Главниот европски преговарач Мишел Барние изјави дека ирскиот бекстоп е дел од договорот за брегзит и за него нема повторно да се преговара. Зборувајќи во Европскиот парламент, Барние кажа дека тоа беше реалистично решение за да се спречи воспоставување на цврста граница.

    Британскиот парламент овој месец го отфрли планот на Тереза Меј за излегување на Велика Британија од Европската Унија, што беше усвоен по 18 месеци преговори, по што таа најави дека ќе побара друго решение за границата со Ирска, што би значело повторно отворање на преговорите.

    Велика Британија треба да излезе од ЕУ на 29 март во 23 часот по британско време и таканаречениот бекстоп требаше да обезбеди да нема контроли на границата меѓу Република Ирска и Северна Ирска. Во сегашните услови, бекстоп ефективно би ја задржал Велика Британија во рамките на царинската унија на ЕУ.

    Од ЕУ сега порачаа дека бекстоп останува интегрален дел од договорот за повлекување.

    „Со договорот за повлекување што треба да се ратификува, ни треба бекстоп ваков каков што е. Одбивањето на актуелниот бекстоп значи одбивање на договореното со Британците, а со тоа проблемите остануваат“, изјави Барние.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира