Европската комисија предложи фонд од 750 милијарди евра кој треба да ѝ помогне на Европската Унија во справувањето со досега невидена економска криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот.
Оваа сума ќе се вгради во предложениот буџет за 2021-2027 година од 1.100 милијарди евра, со што вкупниот фонд ќе изнесува 1.185 милијарди евра и претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, вели дека „тоа ќе ја покрене нашата економија и ќе обезбеди Европа да застане на нозе“.
Пакетот наречен „Обнова и подготовка за идните генерации“ преку грантови и заеми ќе биде поделен меѓу 27-те членки на Унијата. Најголем дел, 313 милијарди евра, ќе добијат Италија и Шпанија, кои се најтешко погодени со пандемијата.
„Овој фонд е пресвртна точка за Европа“, изјави еврокомесарот за економски прашања Паоло Џентилони.