ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ СЕ ЗДРУЖУВААТ ПРОТИВ ОБИДОТ НА ТРАМП ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГРЕНЛАНД

    ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ СЕ ЗДРУЖУВААТ ПРОТИВ ОБИДОТ НА ТРАМП ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГРЕНЛАНДДанската премиерка Фредериксен збореше со Берлин, Париз и Брисел за да ја зајакне поддршката против сѐ поагресивнот Трамп (Фото: ЕПА)

    Планот на Доналд Трамп за преземање на Гренланд веќе не се смета за шега, па европските лидери сега размислуваат како да го запрат ова.

    Данската премиерка Мете Фредериксен збореше со Берлин, Париз и Брисел за да ја зајакне поддршката против сѐ поагресивните претензии на Трамп кон Гренланд. Фредериксен и Трамп наводно имале жесток 45-минутен телефонски разговор пред две недели, по што на данската лидерка ѝ станало јасно дека американскиот претседател е смртно сериозен.

    Трамп вели дека за САД е од витално значење да ја преземе контролата врз полуавтономната данска територија. Бидејќи Данска е членка на ЕУ и НАТО, и Гренланд е дел од нив.

    „Имав неверојатно добри разговори со Емануел Макрон и Олаф Шолц. Апсолутно клучно е за Европа да остане единствена околу Гренланд. Јас не патувам наоколу за да држам говори. Но, ги штитам интересите на Данска и тоа го правам многу цврсто во моментов. Мора да има почит за територии и за суверенитетот на државите“, изјави Фредериксен.

    Германскиот канцелар Шолц нагласи дека границите не смеат да се менуваат со сила, како што Русија направи во Украина.

    Фредериксен се сретна и со шефот на НАТО, Марк Руте и се очекува Гренланд и односите со Трамп да бидат меѓу прашањата за кои ќе се разговара на неформалната средба на лидерите на ЕУ на 3 февруари во Брисел. На оваа средба треба да присуствува и британскиот премиер Кир Стармер.

    „Ситуацијата е многу сериозна и сите мислат дека европската реакција досега не беше многу кредибилна. Се тргнавме од шокот и негирањето и сега менуваме брзина“, изјави еден европски дипломат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира