ЕВРОПСКИТЕ РЕГУЛАТОРИ ЈА ОДОБРИЈА КОВИД ВАКЦИНАТА НА „НОВАВАКС“

    ЕВРОПСКИТЕ РЕГУЛАТОРИ ЈА ОДОБРИЈА КОВИД ВАКЦИНАТА НА „НОВАВАКС“Вакцината на „Новавакс“ покажала ефективност од 90,4% против ковид-19 (Фото: АФП)

    Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри вакцината против ковид-19 на американската биотехнолошка компанија „Новавакс“. Ова е петта вакцина одобрена во ЕУ од почетокот на пандемијата, по оние на „Фајзер/Бионтек“, „Модерна“, „АстраЗенека“ и „Џонсон и Џонсон“.

    ЕМА соопшти дека вакцината можат да ја користат сите лица со 18 и повеќе години. Одлуката треба да ја потврди Европската комисија и таа следува додека Европа се бори со брзото ширење на сојот омикрон. „Новавакс“ кажа дека моментално ја тестира делотворноста на вакцината против овој сој.

    Вакцината на „Новавакс“ е заснована на протеин и е налик на оние што низ светот се користат како заштита од многу детски болести. Според компанијата од Мериленд, вакцината покажала ефективност од 90,4% на тестирањата во Северна Америка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира