ЕВРОПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ЈА СУСПЕНДИРАШЕ БУГАРСКАТА ОБВИНИТЕЛКА КОЈА Е ПОД ИСТРАГА ЗА НЕДОЛИЧНО ОДНЕСУВАЊЕ

    ЕВРОПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ЈА СУСПЕНДИРАШЕ БУГАРСКАТА ОБВИНИТЕЛКА КОЈА Е ПОД ИСТРАГА ЗА НЕДОЛИЧНО ОДНЕСУВАЊЕОва е прва суспензија и внатрешна истрага за недолично однесување на обвинител во четиригодишното постоење на ЕЈО (Фото: Гети)

    Европското јавно обвинителство (ЕЈО) привремено ја суспендираше бугарската обвинителка Теодора Георгиева, која е под истрага за потенцијално недолично однесување.

    Тоа е прва суспензија и внатрешна истрага за недолично однесување на обвинител во четиригодишното постоење на ЕЈО. Овој потег доаѓа во време на поширока загриженост за обидите на бугарските официјални лица да ги попречат истрагите од висок профил на ЕЈО.

    Главната европска обвинителка Лаура Кевеши рече дека нејзината канцеларија започнала истрага за потенцијално недолично однесување на Георгиева, неколку дена откако бугарските медиуми објавија за очигледни врски помеѓу nea и наводен криминалец. Георгиева тврди дека била под притисок поради истрагата за државната бугарска фирма за складирање гас „Чирен“. Таа го обвини пратеникот Делјан Пеевски дека ѝ се заканувал дека ќе ја спречи да обвини поранешен министер за енергетика вклучен во проектот „Чирен“.

    Ми се закануваат и тоа успешно. Се чувствувам загрозена од Пеевски. Прво имаше пожар во семејната куќа, во кој загина мајка ми“, изјави Георгиева.

    Откако нејзината мајка загина во пожар кој се истражува како подметнат, ЕЈО во последните недели ѝ обезбеди дополнителна заштита на Георгиева.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира