„ФАЈЗЕР“ ОЧЕКУВА ЗАРАБОТКА ОД КОВИД ВАКЦИНАТА ОД НАЈМАЛКУ 65 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ВО 2021 И 2022

    „ФАЈЗЕР“ ОЧЕКУВА ЗАРАБОТКА ОД КОВИД ВАКЦИНАТА ОД НАЈМАЛКУ 65 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ВО 2021 И 2022„Фајзер“ има капацитет да произведе четири милијарди дози во 2022 (Фото: СДК.МК)

    „Фајзер“ објави дека очекува оваа година да заработи 36 милијарди долари од вакцината против ковид-19 што ја разви заедно со германската компанија „Бионтек“, како и 29 милијарди долари во 2022.

    Американската компанија кажа дека очекува да потпише договори за вакцината со уште држави, што би можело дополнително да го зголеми профитот за следната година. Таа вели дека има капацитет да произведе четири милијарди дози во 2022.

    „Фајзер“ ја дели заработката од продажбата во повеќето држави со „Бионтек“.

    Ковид вакцината на „Фајзер/Бионтек“ прва беше одобрена во САД минатата година, а со последната одлука на тамошните здравствени власти, ќе можат да ја користат и децата од пет до 11 години. „Фајзер“ предвидува дека на вакцината ќе отпаѓаат 44% од нејзините вкупни годишни приходи.

    „Веќе се подготвуваме за ревакцинација кога третата доза ќе почне да слабее, најверојатно после една година“, соопшти „Фајзер“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира