ФАНТАЗИЈА Е ДЕКА ПОБЕДАТА НА УКРАИНА Е НА ДОФАТ АКО ДАДЕМЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ, ОРУЖЈЕ ИЛИ САНКЦИИ, ВЕЛИ ВЕНС

    ФАНТАЗИЈА Е ДЕКА ПОБЕДАТА НА УКРАИНА Е НА ДОФАТ АКО ДАДЕМЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ, ОРУЖЈЕ ИЛИ САНКЦИИ, ВЕЛИ ВЕНСТрамп му дал на Киев рок до четврток да одговори на неговиот најнов мировен план, кој ги затекна европските земји неподготвени. - Џеј Ди Венс (Фото: ДПА)

    Мировниот план за завршување на војната во Украина мора да го зачува украинскиот суверенитет, изјави во петокот американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, додека Киев се соочува со притисок да одговори на предлогот на претседателот Доналд Трамп.

    Трамп му дал на Киев рок до четврток да одговори на неговиот најнов мировен план, кој ги затекна европските земји неподготвени. Американскиот план наводно бара од Украина да направи значителни отстапки, вклучително и повлекување од делови на источна Украина кои Русија сè уште ги нема освоено, намалување на големината на нејзината војска и откажување од членство во НАТО.

    Во објава на социјалната мрежа „Икс“, Венс напиша дека секој план мора „да го запре убивањето додека го зачувува украинскиот суверенитет“ и да биде прифатлив и за Русија и за Украина. Тој додаде дека планот мора да ги максимизира шансите војната да не започне повторно.

    „Секоја критика на мировната рамка на која работи администрацијата или погрешно ја разбира рамката или погрешно прикажува некоја критична реалност на теренот“, додаде Ванс.

    Тој ги критикуваше досегашните стратегии на западните сојузници.

    „Постои фантазија дека ако само дадеме повеќе пари, повеќе оружје или повеќе санкции, победата е на дофат. Мирот нема да го донесат неуспешни дипломати или политичари кои живеат во земја на фантазии. Тој можеби ќе биде склучен од паметни луѓе кои живеат во реалниот свет“, напиша Венс.

    На украинскиот претседател Володимир Зеленски планот му бил претставен во четвртокот. Тој претходно во петокот изјави дека ова ја става Украина пред „многу тежок избор: или губење на достоинството или ризик од губење на клучен партнер“, мислејќи на САД.

    За разлика од него, рускиот претседател Владимир Путин позитивно го прими планот, велејќи дека документот од 28 точки може да формира „основа за конечно мировно решение“.

    Во меѓувреме, германскиот канцелар Фридрих Мерц и другите европски лидери ќе одржат кризни разговори на маргините на самитот Г20 во Јоханесбург за да го договорат својот одговор. На состанокот во сабота се очекува да присуствуваат лидерите на Франција, Италија и Обединетото Кралство, како и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира