Изведување на фашистичкиот поздрав не е кривично дело освен ако не го загрозува јавниот ред или води кон обновување на забранетата фашистичка партија, пресуди највисокиот суд во Италија, што беше поздравено од неофашистите.
При донесувањето на одлуката, Касациониот суд нареди ново судење за осуммина неофашистички милитанти кои го изведоа поздравот на комеморативен настан во Милано во 2016.
Пресудата значи дека фашистичкиот поздрав може да се прави на настани како што беше неодамнешниот марш во Рим, кога стотици присутни истовремено поздравија со испружена рана, што предизвика бурни реакции во јавноста. Неофашистичката партија КасаПаунд, која го организираше маршот, ја опиша одлуката на судот како историска победа.
„Се разбира дека ќе продолжиме да го правиме римскиот поздрав“, изјави портпаролот на партијата Лука Марсела.
Со закон од 1952 година беа забранети помилувањето на фашизмот и реорганизирањето на партијата на Бенито Мусолини, додека закон од 1993 забрани расистичко насилство и говор на омраза.