Истражителите на ФБИ не пронашле доверливи документи при вчерашниот претрес во куќата на американскиот претседател Џо Бајден во Делавер, изјави неговиот адвокат Боб Бауер. Тој претходно кажа дека претресот бил планиран и Бајден дал целосна поддршка.
Четиричасовниот претрес на имотот во Рехобот е поврзан со пошироката истрага за ракувањето со доверливи документи. Истрагата ја води специјалниот советник Роберт Хур, кој оваа недела почна со работа. ФБИ не го коментираше претресот, а бидејќи Бајден дал согласност, не бил потребен налог.
„Никакви документи со доверлива ознака не се пронајдени“, кажа Бауер.
Ова е последниот во серија претреси што беа спроведени на неколку локации, откако во изминатите два месеца беа пронајдени доверливи документи во центарот „Пен Бајден“ во Вашингтон и во гаражата од другиот дом на Бајден во Делавер. Точната бројка на пронајдени документи не е позната.