ФЕЈСБУК ЌЕ ГО УКИНЕ СИСТЕМОТ ЗА ПРЕПОЗНАВАЊЕ ЛИЦА И ЌЕ ГИ ИЗБРИШЕ СИТЕ СОБРАНИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

    ФЕЈСБУК ЌЕ ГО УКИНЕ СИСТЕМОТ ЗА ПРЕПОЗНАВАЊЕ ЛИЦА И ЌЕ ГИ ИЗБРИШЕ СИТЕ СОБРАНИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ„Фејсбук“ ќе продолжи да ја развива оваа технологија и да ја користи во иднина (Фото: АП)

    „Фејсбук“ објави дека планира да го укине својот софтвер за препознавање лица со кој автоматски се препознаваат луѓето на фотографии и видеа објавени на оваа социјална мрежа, што е голем пресврт за технолошката индустрија и за компанијата позната по собирањето огромно количество лични податоци за милијарди свои корисници. Исто така, „Фејсбук“, кој неодамна се ребрендираше во „Мета“, најави дека ќе ги избрише сите податоци собрани преку овој софтвер.

    Потегот, објавен од потпретседателот за вештачка интелигенција Џером Песенти, доаѓа додека компанијата се испитува за штетите што нејзините платформи ги предизвикуваат во реалниот свет, за што се дозна од интерните документи што ги објави бивша вработена.

    „Системот за препознавање лица ќе биде згаснат во наредните недели. ‘Фејсбук‘ ќе продолжи да ја развива оваа технологија и можеби ќе ја користи во своите производи во иднина. Ние и натаму сметаме дека оваа технологија е моќна и корисна алатка“, кажа Песенти.

    Со години, „Фејсбук“ им овозможуваше на корисниците да изберат дали ќе ја користат опцијата за препознавање лица која автоматски ги означува на фотографии и видеа. Според Песенти, повеќе од една третина од дневните корисници, односно над 643 милиони луѓе, прифатиле да ја користат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира