ФЕЈСБУК ВЕЛИ ДЕКА РАБОТИ ДА ГИ ВРАТИ ВО НОРМАЛА ИНСТАГРАМ, МЕСИНЏЕР И ВОТСАП

    ФЕЈСБУК ВЕЛИ ДЕКА РАБОТИ ДА ГИ ВРАТИ ВО НОРМАЛА ИНСТАГРАМ, МЕСИНЏЕР И ВОТСАПФејсбук призна дека има проблем со своите апликации и вели дека работи на случајот. (Фото: Твитер/принтскрин)

    Фејсбук има проблеми со прикажување на фотографии, видеа и други податоци на своите апликации денеска и многу корисници не можат да гледаат фотографии на Фејсбук, да гледаат сторија на Инстаграм и да праќаат пораки на Вотсап. Фејсбук вели дека е свесен за проблемите и дека работи да ги врати работите во нормала што е можно побрзо.

    Проблемите почнаа околу 14 часот и изгледа дека се ситуацијата се подобрува, а проблемите не ги зафатија сите фотографии и видеа на Фејсбук и Инстаграм. Дел од корисниците, исто така, имаат проблеми со испраќањето пораки на Фејсбук месинџер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира