ФЛАМАНСКИ БЕЛГИЕЦ ВЛОЖИЛ ЖАЛБА И ПОКРЕНАЛ ЈАВНА ДЕБАТА ОТКАКО КОНДУКТЕР ВО ВОЗ ГО ПОЗДРАВИЛ НА ФРАНЦУСКИ

    ФЛАМАНСКИ БЕЛГИЕЦ ВЛОЖИЛ ЖАЛБА И ПОКРЕНАЛ ЈАВНА ДЕБАТА ОТКАКО КОНДУКТЕР ВО ВОЗ ГО ПОЗДРАВИЛ НА ФРАНЦУСКИСпоред јазичките правила во Белгија, кондуктерот би требало да ги користи двата јазика само во Брисел и во другите двојазични региони на земјата (Фото: Гети)

    Двојазичен поздрав на кондуктер во патнички воз во Фландрија предизвика големи контроверзи и расправии во јазички поделената Белгија.

    Националната комисија за лингвистичка контрола отвори истрага откако патник кој зборува холандски вложил жалба зашто кондуктер го поздравил со „добро утро“ на француски јазик при влегувањето во воз во Мехелен. На Фејсбук се огласи и кондуктерот Илјас Алба, кој кажа дека тој ден ги поздравил патниците со „goeiemorgen, bonjour“.

    Тоа не му било доволно добро на патникот, кој му одговорил на Алба: „Се уште не сме во Брисел, мора да збориш само на холандски“.

    Патникот технички бил во право, зашто според сложените јазички правила во Белгија, кондуктерот би требало да ги користи двата јазика само во Брисел и во другите двојазични региони на земјата. Министерот за транспорт Жорж Жилкине застана во одбрана на Алба, велејќи дека во мала земја како Белгија регионалните граници се преминуваат цело време.

    Употребата на неколку јазици за да се каже ‘здраво‘ не ме шокира“, рече Жилкине.

    Со него не се согласија некои политичари кои зборат холандски.

    Не смееме тукутака да го отфрламе нашето јазично законодавство“, изјави Сами Махди од партијата Фламански христијански демократи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира