ФОН ДЕР ЛАЈЕН ОБВИНЕТА ЗА ЕКОЛОШКИ ГРЕВ ОТКАКО ПАТУВАШЕ СО АВИОН НА РЕЛАЦИЈА ОД 50 КИЛОМЕТРИ

    ФОН ДЕР ЛАЈЕН ОБВИНЕТА ЗА ЕКОЛОШКИ ГРЕВ ОТКАКО ПАТУВАШЕ СО АВИОН НА РЕЛАЦИЈА ОД 50 КИЛОМЕТРИФон дер Лајен немала поефикасна опција да патува од Виена до Братислава (Фото: Твитер)

    Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја бранеше својата одлука да лета со авион на 19-минутна релација, велејќи дека немало друга поефикасна опција.

    Таа се соочи со жестоки критики откако се дозна дека во јуни патувала со приватен лет од Виена до Братислава во рамките на турнејата по главните градови во ЕУ за да дискутира за фондот за заздравување од пандемијата. Нејзиниот портпарол Ерик Мамер кажа дека 50 километри долгиот лет од Виена до Братислава бил дел од тесниот дводневен распоред кој вклучувал пет престолнини.

    „Таа не можеше да патува со автомобил зашто од Братислава требаше да оди не вечерна средба во Летонија. Доколку не одеше со чартер-лет за Братислава, ќе изгубеше премногу време“, појасни Мамер.

    Генералниот секретар на Европската асоцијација на даночни обврзници Михаел Јегер го опиша летот како еколошки грев кој чинел многу пари на даночните обврзници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира