ФОТОРЕПОРТЕР ГО СНИМИ МОМЕНТОТ КОГА ПРОЕКТИЛ ПАЃА И УНИШТУВА ЗГРАДА ВО НАПАД ВРЗ БЕЈРУТ

    ФОТОРЕПОРТЕР ГО СНИМИ МОМЕНТОТ КОГА ПРОЕКТИЛ ПАЃА И УНИШТУВА ЗГРАДА ВО НАПАД ВРЗ БЕЈРУТНападот уследил 40 минути откако израелската војска издала предупредување на арапски јазик на социјалните мрежи (Фото: АП)

    Криејќи се зад големо дрво, искусниот фоторепортер на новинската агенција АП Билал Хусеин ја насочил својата камера кон станбената зграда во Бејрут за која што израелската војска предупреди дека ќе биде мета. Додека проектилот паѓал од небото некое време подоцна, Хусеин и неговата камера биле совршено позиционирани за да ја документираат патеката на уништувањето.

    Во моментот на нападот зградата веќе била целосно евакуирана (Фото: АП)

    Го слушнав проектилот како лета насочен кон зградата и тогаш почнав да снимам“, кажа Хусеин неколку часа откако Израелците го извеле нападот.

    Воздушниот удар уследил 40 минути откако портпарол на израелската војска издал предупредување на арапски јазик на социјалните мрежи, известувајќи ги луѓето кои живеат во и околу погодената зграда веднаш да ја напуштат таа област. Тој не појаснил зошто зградата е означена како мета, освен дека се наоѓа близу „интереси и објекти“ поврзани со Хезболах.

    Израел не појасни зошто зградата ќе биде мета (Фото: АП)

    Во моментот на нападот зградата веќе била целосно евакуирана, па немало повредени, но фотографиите на Хусеин овековечија момент од модерното војување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира