ФРАНЦИЈА, ГЕРМАНИЈА, ШВЕДСКА И НОРВЕШКА ПРАЌААТ ВОЈСКА НА ГРЕНЛАНД

    ФРАНЦИЈА, ГЕРМАНИЈА, ШВЕДСКА И НОРВЕШКА ПРАЌААТ ВОЈСКА НА ГРЕНЛАНДДоналд Трамп порача дека сѐ освен американска контрола на Гренланд е неприфатливо (Фото: АП)

    Данска објави дека нејзината војска ќе го зголеми своето присуство на и околу Гренланд, додека се засилуваат заканите од Доналд Трамп дека ќе го преземе островот, за што не исклучи и употреба на сила.

    Ова вклучува распоредување на војници, бродови и летала. Тоа ќе биде направено во тесна соработка со нашите сојузници, бидејќи геополитичките тензии се проширија на Арктикот“, соопштија данските вооружени сили.

    Данска додаде дека во засиленото обезбедување на Гренланд ќе учествуваат и војските на Германија, Франција, Шведска и Норвешка.

    Пред денешната средба на министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд со американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио во Вашингтон, Доналд Трамп порача дека сѐ освен американска контрола на Гренланд е неприфатливо.

    На САД им треба Гренланд заради национална безбедност. НАТО треба да ни овозможи да го добиеме. Ако не го добиеме, Кина или Русија ќе го земат, а тоа нема да се случи“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

    Министерката за надворешни работи на Гренланд, Вивијан Моцфелд, кажа дека клучен приоритет е да се зајакнат безбедноста и одбраната на Гренланд, што ќе се постигне во тесна соработка со сојузниците од НАТО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира