По неколку месеци политички борби, францускиот парламент го усвои контроверзниот закон со кој земјата ја заострува својата имиграциска политика. Законот доби поддршка и од партијата на Емануел Макрон и од крајната десница на Марин Ле Пен.
Левичарските партии го обвинија Макрон дека ѝ прави отстапки на крајната десница. Сепак, мнозинството за законот во долниот дом на парламентот беше толку големо што на владејачката партија и не ѝ требаше поддршка од Ле Пен. Пред гласањето, Макрон изјави дека не би сакал победата да ја должи на нејзиниот Национален марш.
Министерот за здравство Орелијан Русо ја понуди својата оставка во знак на протест поради донесувањето на законот, но премиерката Елизабет Борн не кажа дали ќе ја прифати.
Според некои мерки од новиот закон, на мигрантите ќе им биде потешко да ги доведат членовите на своето семејство во Франција и ќе им треба повеќе време за да се стекнат со правото на социјална помош.
Групите за човекови права кажаа дека ова е најрегресивниот имиграциски закон во Франција во последните децении.
„Со овој текст директно инспириран од памфлетите на Националниот марш против имиграцијата се соочуваме со промена во историјата на Републиката и нејзините фундаментални вредности“, рече лидерот на француската Комунистичка партија, Фабијан Русел.