ФРАНЦИЈА ЌЕ ГО ВРАТИ АМБАСАДОРОТ ВО САД, НО ПРОДОЛЖУВА ДА ЈА ИГНОРИРА АВСТРАЛИЈА ПОРАДИ НОВИОТ БЕЗБЕДНОСЕН ПАКТ

    ФРАНЦИЈА ЌЕ ГО ВРАТИ АМБАСАДОРОТ ВО САД, НО ПРОДОЛЖУВА ДА ЈА ИГНОРИРА АВСТРАЛИЈА ПОРАДИ НОВИОТ БЕЗБЕДНОСЕН ПАКТПоради АУКУС, Франција остана без договор за изградба на подморници вреден повеќе од 40 милијарди долари (Фото: Гети)

    Франција ќе го врати својот амбасадор во САД следната недела, откако Џо Бајден и Емануел Макрон во получасовниот телефонски разговор се договорија да се сретнат во Европа на крајот на идниот месец.

    Двата сојузника го направија првиот чекор кон завршувањето на спорот, кој почна минатата недела кога САД, Велика Британија и Австралија објавија формирање на нов безбедносен пакт, поради кој Франција остана без договор за изградба на подморници вреден повеќе од 40 милијарди долари. Париз кажа дека за АУКУС дознал неколку часа пред да биде објавен, поради што повлече досега невиден потег и ги отповика своите амбасадори во САД и Австралија. Засега нема најави кога францускиот амбасадор ќе се врати во Канбера.

    Се верува дека новиот пакт има за цел да се спротивстави на влијанието на Кина во Јужнокинеското Море и Бајден во разговорот со Макрон ја истакнал важноста на ангажманот на Франција и Европа во Индо-Пацификот.

    Во исто време, австралискиот премиер Скот Морисон изјави дека ќе бидат трпеливи во повторното обновување на односите со Франција. Тој се обидел, но досега не успеал да разговара со Макрон.

    „Се обидовме, но очигледно сè уште не е вистинско време да разговараме. Но, ќе бидеме трпеливи“, кажа Морисон, додавајќи дека го разбира разочарувањето на Франција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира