ФРАНЦИЈА ЌЕ РАСПОРЕДИ ИЛЈАДНИЦИ ВОЈНИЦИ НА ЈАВНИ МЕСТА ПО ДЕНЕШНИОТ НАПАД ВО НИЦА

    ФРАНЦИЈА ЌЕ РАСПОРЕДИ ИЛЈАДНИЦИ ВОЈНИЦИ НА ЈАВНИ МЕСТА ПО ДЕНЕШНИОТ НАПАД ВО НИЦАТри лица се убиени во катедралата Нотр Дам во Ница, што властите го опишаа како терористички напад (Фото: АП)

    Претседателот Емануел Макрон изјави дека Франција нема да попушти пред теророт откако во денешниот напад во катедралата во Ница беа убиени три лица, при што една од жртвите беше обезглавена. Зборувајќи пред катедралата, тој кажа дека Франција е нападната и најави дека дополнителни 4.000 војници ќе бидат распоредени за да се заштитат црквите, училиштата и други јавни места.

    „Уште еднаш сме нападнати поради нашите вредности: слобода, можноста на нашата почва да веруваме слободно и да не се предадеме пред никаква форма на терор. Уште еднаш јасно ќе повторам: нема пред ништо да се предадеме“, изјави Макрон.

    Нападот во Ница се случи неполни две недели по бруталното убиство на учителот Самуел Пати во париско предградие. Полицијата соопшти дека две лица се убиени во самата црква, при што на жена во 70-ти години ѝ беше отсечена глава, додека уште една жена подоцна им подлегна на повредите. Напаѓачот, кој наводно има потекло од Тунис, беше ранет од полицијата и потоа уапсен.

    По убиството на Пати, Макрон вети дека ќе го искорени радикалниот ислам, што предизвика антифранцуско расположение во некои муслимански земји, вклучувајќи ја и Турција, чиј претседател Ердоган повика на бојкот на француски производи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира