ФРАНЦУСКАТА ВЛАДА ЌЕ ГО ЗАПРЕ ЗАКОНОТ ЗА ПОСКАПУВАЊЕ НА ГОРИВАТА ЗА ДА СТАВИ КРАЈ НА ПРОТЕСТИТЕ

    ФРАНЦУСКАТА ВЛАДА ЌЕ ГО ЗАПРЕ ЗАКОНОТ ЗА ПОСКАПУВАЊЕ НА ГОРИВАТА ЗА ДА СТАВИ КРАЈ НА ПРОТЕСТИТЕПротестите во меѓувреме прераснаа во општо незадоволство од економските реформи на претседателот Макрон (Фото: АП)

    Француската влада ќе го суспендира законот за поскапување на горивата, кој доведе до насилни протести во Париз и во други големи градови изминативе три викенди, јавија локалните медиуми.

    Премиерот Едуар Филип повика на компромис со демонстрантите, но тие ги откажаа преговорите откако добиле смртни закани од екстремисти во своите редови.

    Протестите на таканаречените жолти елеци во меѓувреме прераснаа во општо незадоволство од економските реформи на претседателот Макрон, од кои, според демонстрантите, корист имаат само богатите и големите бизниси.

    Три лица загинаа од почнувањето на протестите, кои резултираа со насилство и вандализам, при што беа оштетени и културно-историски споменици, вклучувајќи ја и Триумфалната порта во Париз. Макрон дури размислуваше да прогласи вонредна состојба за да се справи со најголемата криза во земјата во последните 50 години.

    Премиерот Филип денеска треба да се сретне со пратениците од владејачката партија и се очекува да прогласи мораториум на спорниот закон. Владата потврди дека ќе се огласи денеска попладне.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира