Француски војник патролирајќи кај музејот Лувр во Париз, пукал во лице што се обидело да нападне со мачета безбедносна патрола извикувајќи: „Алаху Акбар“, соопштија француските власти.
Лицето кое се обидело да влезе во трговскиот центар кај Лувр, било застрелано во стомакот и критично е повредено. Еден војник ја повреди главата.
Министерот за внатрешни работи ја опиша ситуацијата како „сериозна“, а премиерот Бернар Казенев вели дека нападот бил „терористички по природа“.
Полицијата вели дека осомничениот напаѓач носел два ранци, но не биле пронајдени експлозиви.
250 посетители биле внатре во Лувр за времето на нападот и биле постепено евакуирани преку безбедносни контроли.