ФРАНЦУСКИОТ ПРЕМИЕР АТАЛ НАЈАВИ ОСТАВКА

    ФРАНЦУСКИОТ ПРЕМИЕР АТАЛ НАЈАВИ ОСТАВКААтал е најмладиот премиер во историјата на земјата (Фото: АП)

    Францускиот премиер Габриел Атал изјави дека утре ќе поднесе оставка откако левичарската коалиција Нов народен фронт неочекувано победи на денешните парламентарни избори.

    Вечерва, ниеден од екстремите не обезбеди мнозинство и тоа е заслуга на францускиот дух. Сојузот Заедно освои тројно повеќе пратеници од она што се предвидуваше, но немаме мнозинство. Затоа, утре ќе му ја предадам мојата оставка на претседателот Макрон“, изјави Атал, најмладиот премиер во историјата на земјата.

    Макрон моментално ги анализира резултатите од изборите и ќе почека да добие целосна слика пред да ги донесе следните одлуки, кажаа од неговиот кабинет

    Претседателството ќе ја почитува волјата на францускиот народ“, соопштија оттаму, додавајќи дека Макрон нема да се обраќа вечерва.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира