ФРАНЦУСКИОТ ПРЕМИЕР ЛЕКОРНУ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПО 26 ДЕНА НА ФУНКЦИЈАТА

    ФРАНЦУСКИОТ ПРЕМИЕР ЛЕКОРНУ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПО 26 ДЕНА НА ФУНКЦИЈАТАЛекорну даде оставка откако неколку партии се заканија дека ќе гласаат против новата влада (Фото: АП)

    Францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оствавка неколку часа откако беше објавен составот на новата влада. Елисејската палата го објави ова по средбата на Лекорну со претседателот Емануел Макрон утрово.

    Лекорну беше назначен за премиер пред само 26 дена, по колапсот на претходната влада на Франсоа Бајру, на која ѝ беше изгласана недоверба во парламентот поради планираните кратења на буџетот.

    Неколку партии во Националното собрание жестоко го критикуваа составот на новата влада, во која останаа речиси истите министри од владата на Бајру, па се заканија дека ќе гласаат против неа.

    Француската политика станува сè понестабилна по реизборот на Макрон во 2022 поради немање партија или група која има парламентарно мнозинство. Одлуката на Макрон да распише предвремени парламентарни избори минатата година ја продлабочи кризата со тоа што создаде уште пофрагментиран парламент. Лекорну беше петтиот премиер на Макрон за две години.

    По оставката на Лекорну, крајната десница веднаш побара распуштање на парламентот и распишување вонредни избори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира