ФРАНЦУСКО СЕМЕЈСТВО СЕ ФРЛИ ОД СЕДМИ КАТ ВО ШВАЈЦАРИЈА, ИСТРАГАТА ЗАКЛУЧИ ДЕКА БИЛО ПОД СИЛНО ВЛИЈАНИЕ НА ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР

    ФРАНЦУСКО СЕМЕЈСТВО СЕ ФРЛИ ОД СЕДМИ КАТ ВО ШВАЈЦАРИЈА, ИСТРАГАТА ЗАКЛУЧИ ДЕКА БИЛО ПОД СИЛНО ВЛИЈАНИЕ НА ТЕОРИИ НА ЗАГОВОРТрагедијата се случи на 24 март 2022 во Монтро (Фото: АП)

    Швајцарската полиција ја заврши едногодишната истрага за трагичната смрт на четири члена на едно семејство, заклучувајќи дека тие планирале да умрат водени од теории на заговор. Исклучена е можноста дека имало надворешна интервенција, а семејството, кое две години порано се преселило од Франција во Швајцарија, не покажувало знаци дека размислува за самоубиство.

    Трагедијата се случи на 24 март 2022 во Монтро, кога осумгодишно девојче, 15-годишно момче, нивните татко и мајка и нејзината сестра близначка паднале од седми кат. Преживеа единствено момчето, кое долго време беше во кома со сериозни повреди и сега не се сеќава на тој ден, кажаа истражителите.

    По една година истрага, властите кажаа дека мајката и нејзината сестра биле длабоко навлезени во теории на заговор, а полицијата во станот пронашла многу храна, лекови и хигиенски материјали, внимателно складирани и организирани. Семејството ретко излегувало надвор, а децата се образувале дома.

    „Двете жени биле длабоко сомничави кон владата и локалните власти и ги убедиле децата дека светот е непријателско место“, кажаа истражителите.

    При претрагата на станот биле пронајдени докази дека колективното самоубиство било грижливо планирано и дури вежбано. Се верува дека тие ја забрзале одлуката за самоубиство откако локалната полиција дошла да ја провери добросостојбата на децата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира