ФРЛЕНА РАЧНА ГРАНАТА ВРЗ АМБАСАДАТА НА САД ВО ЦРНА ГОРА, НАПАЃАЧОТ СЕ РАЗНЕЛ СО БОМБА

    ФРЛЕНА РАЧНА ГРАНАТА ВРЗ АМБАСАДАТА НА САД ВО ЦРНА ГОРА, НАПАЃАЧОТ СЕ РАЗНЕЛ СО БОМБАНема видлива штета ниту на зградата ниту на околните објекти (Фото: АП)

    Непознато лице фрлило експлозивна направа, најверојатно рачна граната врз зградата на амбасадата на САД во Подгорица, главниот град на Црна Гора, соопшти Владата на Црна Гора рано утринава.

    Во порака на твитер на англиски јазик, Владата соопшти дека нападот бил половина час по полноќ и веднаш потоа напаѓачот се самоубил со експлозивна направа.

    Фотографот на Ројтерс јавил дека нема видлива штета на зградата, ниту на околните објекти.

    Амбасадата ги предупреди граѓаните на САД во Црна Гора да останат подалеку од амбасадата до следно известување.

    Црна Гора во мај минатата година се придружи на НАТО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира